Почитувани вие користете постара верзија на Internet Explorer! За да имате целосно искуство во страната ве молиме надоградите во понова верзија или користете некој друг пребарувач.
Ви Благодариме

ЗА НАС

Кои сме ние и зошто ние :


Како компанија беспрекорно функционираме од 2006 година, повеќе од 8 годишно искуство во ИТ индустријата како и секојдневно усовршување и применување на новите техники и технологии во секојдневното работење. Од формирањето па до денес може да се пофалиме со доста голем број на повеќегодишни задоволни, сериозни клиенти кои ни го довериле нивниот бизнис и не одбраа нас како домаќини на нивните сајтови и нивни ИТ партнери/соработници.

Се состоиме од тим на креативни и искусни млади лица, инспирирани од брзиот развој на ИТ сферата каде се трудиме сите новитети да ги примениме во нашето работење како и усовршување на истите. Нашата мисија како тим е да ја најдеме соодветната формула за вашиот проблем со што би ве издвоиле од останатите и би ги истакнале вашите предности и вредности од вашите конкуренти од ИТ сферата. Се издвојуваме од останатите со применувањето на последните технологии базирани на светски стандарди и нудење на најстабилни, професионални решенија за вас-нашите клиенти.

Фокусирани сме на обезбедување на најсоодветни,квалитетни сопствени решенија приспособени пред се според потребите и барањата на крајните корисници. Нудиме огромен опсег на веб услуги почнувајќи од најмали проекти па се до комплексни, комплицирани веб апликации и нивно хостирање. Препознатливи сме по одличната поддршка, како и кон професионалното пристапување и решавање на проблемите со кои се наидуваме и професионалниот однос кој го применуваме спрема клиентите.

Тимот со кој располагаме и повеќе годишното искуство кое го имаме стекнато во нашето работење е резултат на огромната база од реализирани проекти кои ги имаме во нашето портфолио почнувајќи од најмали проекти па се до комплексни веб решенија. Со применувањето на најсовремените технологии реализираме проекти со кои вие би се истакнале од вашата конкуренција и би биле чекор пред нив.

Практикуваме посветен, професионален пристап кон нашите клиенти, практикуваме пријателски однос изграден врз база на посветеност, професионална и одлична услуга. Внимателно ги проучуваме и разгледуваме барањата на клиентите и даваме наше стручно мислење, активно учествуваме во нацрт проект па се до крајна реализација или до Задоволен клиент - успешен проект.

УСЛУГИ: Нудиме конкретни веб хостинг решенија за вашиот сајт, инстант активација на нарачаните услуги, консултација, тестирање, оддржување и реализирање на саканите барања.

Препознатливи сме по брзината на нашите сервери кои се лоцирани во елитни дата центри во многу локации низ светот, базирани и конфигурирани според најновите технички достигнувања, инсталација на најнов софтвер, имплементирани доста голем број на заштити, се со цел податоците хостирани на нашите сервери да се безбедни. Сите сервери се со SSD диксови кои овозможуваат огромна брзина при вчитувањето и запишувањето на податоците.

Можеме да се пофалиме со многу специфични проекти и со добар тим кој би решил многу комплексни прашања.